Најновата руска ракет е готова! „Сармат“ пристигнува посилен од кога било (фото/видео)

Првата руска единица со најновите интерконтинентални балистички ракети од типот Сармат ќе влезе во борбена задача во Стратешките ракетни сили во декември, изјави за ТАСС извор близок до руското Министерство за одбрана.

– Првата единица „Сармат“, која се состои од команден центар и неколку локации за лансирање, од декември годинава ќе стапи на должност како дел од ракетната формација Ужур, која е дел од Стратешките ракетни сили – рече изворот. 

ТАСС посочува дека нема официјална потврда за оваа информација. Според друг извор на ТАС, оваа единица моментално е на експериментална борбена должност како дел од формацијата Ужур.

Според досегашната практика на Стратешките ракетни сили, први во употреба беа пуштени командниот центар на новата ракетна единица, како и два ракетни силоси.

Паралелно со лансирањето на единицата „Сармат“, ќе продолжи и развојот на тестовите на проектилот, кој сè уште не е целосно завршен.