Најопасно предупредување од Русија досега од почетокот на војната – Кремљ повеќе не бира начини: “Секој брод што ќе плови кон украинските пристаништа од ноќеска на полноќ ќе биде воена цел!“
Министерството за одбрана на Русија соопшти дека од 20. јули сите бродови кои пловат низ Црното Море до украинските пристаништа ќе се сметаат за потенцијални превозници на воен товар!
„Земјите чии знамиња ги носат вакви бродови соодветно ќе се сметаат за вклучени во украинскиот конфликт на страната на режимот во Киев“, се наведува во соопштението на Министерството за одбрана на Русија.
Се наведува дека некои области во северозападните и југоисточните делови на меѓународните води на Црното Море се прогласени за привремено опасни за пловидба.
„Релевантни информативни предупредувања за повлекување на безбедносните гаранции на морнарите беа издадени на пропишан начин“, се додава во соопштението на Министерството за одбрана на Русија.
На 17. јули Русија ги извести Турција, Украина и Обединетите нации дека се противат на продолжување на договорот за жито што дозволува извоз од украинските пристаништа на Црното Море. Тоа значеше дека Москва ги повлекува гаранциите за безбедноста на пловидбата и го ограничува поморскиот хуманитарен коридор во северозападниот дел на Црното Море.
Договорот за жито беше на сила нешто помалку од една година. Тој го воспостави алгоритамот за извоз на украински земјоделски производи по морски пат, а предвидува и отстранување на ограничувањата за извоз на руска храна и ѓубрива на светските пазари.
Официјална Москва постојано забележува дека договорот не функционира и дека украинското жито се испраќа првенствено во Европа, а не во сиромашните земји во Африка, додека рускиот претседател Владимир Путин договорот го нарече еднонасочна игра бидејќи ништо не е направено за Русија.