Најстарата хебрејска Библија во светот продадена на аукција за 38 милиони долари

– Најстарата хебрејска Библија во светот е продадена вчера за 38,1 милиони долари, соопшти мултинационалната компанија за уметност „Сотби“.

Томот, познат како „Codex Sassoon“, ги вклучува сите 24 книги од хебрејската Библија, со исклучок на осум листови, и првите 10 поглавја од книгата „Битие“.

Највисоката понуда на аукцијата ја дал Алфред Х. Мозес, поранешен американски амбасадор и претседател на Американскиот еврејски комитет, кој ја донира историската книга на музеј во Израел.

Експертите сметаат дека книгата датира од крајот на 9. или почетокот на 10. век. Од 1989 година е во сопственост на швајцарскиот финансиер и колекционер Жаки Сафра.

„Називот (Codex Sassoon) е добиен по нејзиниот истакнат сопственик, Дејвид Соломон Сасун (1880-1942), кој ја составил најголемата и најважната приватна збирка на хебрејски ракописи во светот и имал посебен афинитет кон Библиите“, истакнаа од „Сотби“.