Најстудено во Берово

Утрово е најстудено во Берово, -4 степени, додека максимални 4 степени се измерени во Виница и Крушево.

Како што информира УХМР, до 8:30 часот се измерени -1 степен во Скопје-Петровец, Битола, Струмица, Демир Капија и Лазарополе, 0 во Маврови Анови, Крива Паланка, Гевгелија и Штип, 1 во Тетово и Прилеп, 2 во Скопје-Зајчев Рид, Охрид и Претор, како и 3 степени во Дебар, Дојран и Попова Шапка.

Времето денеска ќе биде сончево со умерена облачност и релативно топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 17 до 21 степен.

Во Скопје сончево со умерена облачност и со слаб ветер од променлив правец. Максималната температура ќе достигне 19 степени.