На Алвеш го труеле во затвор а Нејмар му праќал пари! Бразилецот го допре дното – го молеше славниот ас за помош! (фото)
Познатиот бразилски фудбалер Дани Алвеш е во притвор речиси една година поради силување на девојка во ноќен клуб во Барселона кон крајот на 2022 година, а адвокатите побараа максимална казна од 12 години затвор.
Иако Алвеш ги негираше овие наводи, претставниците на повредената девојка сметаат дека имаат доволно докази кои ќе бидат презентирани на судењето кое ќе започне наскоро (5 февруари), додека фудбалерот на секој начин се обидува да се „одбрани“.
Така Алвеш сега го повика својот долгогодишен соиграч од Барселона и бразилската репрезентација, еден од најдобрите светски фудбалери, Нејмар , да му помогне. Според бразилските медиуми, тој од него побарал финансиска и правна помош за да избегне затворска казна.
Наводно, Нејмар веднаш се согласил на тоа и верува дека Дани Алвеш е невин, па преку татко му, му префрлил 150 илјади евра за да му помогне на славниот дефанзивец. Како што пишуваат бразилските медиуми, парите биле префрлени на Судот во Шпанија заради „обесштетување на оштетениот“, што на крајот може да влијае на намалување на казната на Дани Алвеш. Како е тоа можно не е сосема јасно, но се наведува дека таков закон постои во Шпанија.
Исто така, Дани Алвеш добил помош од Нејмар во форма на Густаво Чист, еден од најдобрите и најстарите адвокати кои работел во компанијата на таткото на Нејмар, додека Динора Сантана била „отстранета“ од случајот. Таа беше ангажирана од поранешната сопруга на Алвеш и се чини дека Алвеш не и’ верува целосно.
Да потсетиме, Дани Алвеш е еден од најдобрите десни бекови на сите времиња и вториот најтрофеен фудбалер во историјата на овој спорт. За време на неговата богата играчка кариера, тој освои 44 трофеи, вклучувајќи три Лига на шампиони со Барселона и две Копа Америка со Бразил.