НА БУГАРСКИОТ ПАЗАР ЗА НЕВЕСТИ ДЕВОЈКИТЕ СЕ “ПРОДАВААТ” ЗА “ДВЕ ЧЕРВЕНИ”: Погледнете како мајка се “пазари” да ја “продаде’ својата 15-годишна ќерка (ВИДЕО)

Во Бугарија постои надалеку познат „пазар за невести“ каде родителите наоѓаат соодветни мажи за женење со младите Ромки.

Во бугарскиот град Стара Загора, во првата сабота од православниот пост, цел град слави – во тек е Ромскиот пазар за невести .

Улиците се полни со млади тинејџерки кои се нашминкани, имаат комплицирани фризури, облечени да изгледаат најдобро и имаат силна желба да се венчаат.

Тие припаѓаат на старата заедница на Роми, Калаиџи, и се држат до традицијата како најголема светост, а традицијата налага младите девојки да се мажат што е можно подобро.

Калаиџи водат комплицирани преговори, се ценкаат за невестата што ќе ја купат, а потоа ќе ја донесат дома.

Љубовта е само споредна работа. Она што е важно е миразот. 15-годишните девојчиња знаат дека кога ќе се венчаат, завршува нивниот живот каков што го знаеле до тој момент и започнува оној во кој се сопруги, а потоа мајки.

Ова полуномадско ромско население е познато по својот древен занает за правење и поправка на тенџериња, тави и котли. Тие обично живеат во оддалечени села, далеку еден од друг. На девојките и жените не им е дозволено да се гледаат или да излегуваат со ниту еден машки член.

Најважно е девојката да е невина, за да може семејството да ја продаде за голема сума на пари. Инаку, ако се знае дека девојката не е невина, се дава по најниска можна цена.

Ова е единствената прилика кога на девојките им е дозволено да комуницираат со мажи надвор од нивното семејство.

Запознавање во други денови или надвор од оваа манифестација не е дозволено. Тинејџерките секогаш се придружувани од членови на семејството кои внимателно се грижат за нив. Исто така, бракот надвор од нивната заедница е табу.

Мажите на овој пазар ќе потрошат од 7.500 до 11.300 долари за ценкање.

„Мажите не купуваат жена, туку нејзината невиност! Ако е навистина убава, цената може да се зголеми. Традиција е овие семејства да ја оженат својата ќерка на возраст од 16 до 20 години. Повеќето девојки не посетуваат повеќе од осум одделенија во основно училиште, бидејќи се верува дека некој може да ги „украде“ по шеснаесеттата година. Тогаш нивните родители ги затвораат во куќа “, вели Велчо Крустев, етнограф за Њујорк Тајмс.

Но, оваа традиција е сериозно разнишана токму поради фактот што младите Роми повеќе не сакаат нивните родители да им склучуваат бракови. Со мобилните телефони добија увид во светот околу нив.

Калаиџиите се помалку се занимаваат со производство на тенџериња, бидејќи во денешно време оние од Кина се поевтини. Затоа, мажите од оваа ромска заедница се повеќе се занимаваат со градежни работи. Тие одат во други земји како надничари, а кога ќе се вратат, полека ги носат обичаите на другите култури во нивната заедница.

Постарите жени од Калаиџи се повеќе се залагаат за автономија. Сакаат да „излезат“ од дома, но лошото образование и економската нестабилност ги спречуваат во тоа.

Дотогаш невестинскиот пазар продолжува, но во многу помал обем.