НА ГРАНИЦА СО СИРИЈА – Последици од земјотресот во Турција: ПОЖАР избувна во пристаниште

Според медиумите, се запалиле десетици товарни контејнери

Според медиумите во Турција, по денешните земјотреси избувнал пожар во пристаништето Искендерун во Хатај. Пристаништето се наоѓа на границата со Сирија.

Според медиумите, се запалиле десетици товарни контејнери. Во гаснењето на пожарот учествуваат и противпожарни чамци.