На Зоран му требаа 120 минути да пука во сопругата и љубовницата, па сам да си пресуди: Ова е неговиот крвав пир

Зоран Р.( 54 ) од Крушевац, во понеделникот, на 13 ноември, прво ја ранил Ивана К. Поминал повеќе од 80 километри, а неговото возење низ крушевските населби и села траело околу два часа.

Зоран тргна од населбата Расадник во Крушевац. Ноќта ја помина во станот на Ивана. Рано утрото се скарале, а потоа Ивана тргнала на работа. Меѓутоа, Зоран ја следел надвор и и’ вперил пиштол на околу 200 метри од зградата. Иако таа го молела да се смири, Зоран ја застрелал Ивана во главата и тешко ја ранил. Потоа ладно се свртел и си заминал оставајќи ја во локви крв мислејќи дека ја убил.

Влегол во автомобилот и се упатил кон куќата во селото каде била неговата сопруга. Сè уште не се знае дали отишол во селото Страгари да ја земе сопругата или ја сретнал на патот меѓу селата Кукљин и Јасика. Она што е познато е дека тој ја убил токму на тој пат, а нејзиното тело го оставил во ендек во близина на каменоломот, покрај патот опкружен со шума.

Тој се вратил во возилото и го повикал татко му да го пречека. Отпрвин не му кажа што направил. Се нашле на нива во близина на селото Велика Дренова. Зоран му дал на татко му потврди за тоа кому му должи пари. Неговиот татко потоа го возел тракторот кон Милутовац, а Зоран го следел со автомобил. Во еден момент мажот се завртел и видел дека Зоран го запрел автомобилот и дека телефонирал. Му мафнал во знак да продолжи.

Недолго потоа заѕвони телефонот на таткото на Зоран. Неговиот син му се јави.

– Се погрижив за двете, а сега cè e во ред – биле зборовите кои Зоран наводно му ги кажал на татко му по телефон.

Во тој момент Зоран бил во автомобил меѓу селата Милутовац и Страгари. Неговиот татко слушнал истрел од далечина. Додека се завртел и се вратил, Зоран веќе си го одзел животот.