Малолетно девојче третирано како сексуална играчка, монструмите осудени на 40 години затвор за злоупотреба: „Денес сонувам да бидам нормална“

Сајмон Парсонс (44) и Ребека Дау (39) од Јужен Велс се осудени на 40 години затвор поради тешка сексуална злоупотреба на млада девојка.

Судијата кој ги осуди изјави дека нивното злоставување било „изопачено“ и дека девојката, тогаш помлада од 13 години, била третирана како анимирана секс играчка.

Според Дејли Мејл , парот користел дрога за да ја успијат, а потоа сексуално ја малтретирале и силувале.

,,Сонувам да бидам нормална. Трауматизирана сум до крајот на животот”, рекла девојката кога слушнала дека парот е осуден на 40 години затвор.

,,Мојот живот се преврте наопаку. Никогаш немав детство, не го заслужив ова. Чувствувам вина и срам секој ден. Не сонував за ова како мало девојче, морам да живеам со ова чувство секој ден. Бев мачена, понижувана и уништена“, додаде девојчето.

Во судот беше наведено дека Парсонс ја уценувал девојката и и’ понудил „награда“ во замена за сексуална активност, а потоа и’ се заканил дека ќе ја „убие“ доколку некому каже за злоставувањето.

Мажот за делото е осуден на 24 години, а Ребека на 16 години затвор.

„За да ги задоволите вашите потреби, се вклучивте во развратни сексуални активности, ја третиравте девојката како сексуална играчка“, заклучил судијата Дејвид Вин Морган.