Драма во Исланд: Во секој момент можна е вулканска ерупција, од полноќ се случиле околу 800 земјотреси

Официјални лица во Исланд предупредија во средата дека веројатноста за вулканска ерупција останува „висока“ бидејќи стотици земјотреси продолжуваат да се регистрираат во последните часови, пренесува Fox News .

Исландскиот метеоролошки институт наведува дека од полноќ „измерени се околу 800 земјотреси , од кои повеќето во средината на насипот на магмата во Сунднук на длабочина од околу 3-5 километри“.

Новинарите на Fox News од самото место известија дека во секој момент е можна ерупција.

Сунднук се наоѓа малку повеќе од три километри северо-североисточно од Гриндавик, град во југозападен Исланд кој беше евакуиран поради вулканска активност, според „Фокс Ведер“.

Туристите, наводно, побегнале од светски познатиот геотермален спа центар на Исланд „Сината лагуна“ минатата недела , откако земјотресите ја потресоа околината, принудувајќи ја бањата привремено да ја затвори својата област за капење.

,,Фокс Ведер” објави дека вчера во воздухот во Гриндавик бил откриен сулфур диоксид, што е знак за можна неизбежна вулканска активност.

Исто така, се појавија видео и фотографии на кои се гледа како чад се издига од напукнати патишта во Гриндавик во последните денови.

„Cеизмичката активност остана постојана од 11 ноември. Главниот фокус на следењето на сеизмичката активност останува во областа на насипот и Гриндавик“, соопшти Исландската метеоролошка служба.

„Мерењата покажуваат континуирана деформација во областа. Тие се конзистентни со магмата што сè уште се влева во насипот. Се чини дека дел од насипот на магмата се зацврстува, особено на рабовите, но не и во областа на приливот на магма, за што се верува да биде во близина на Сунднук.“ се наведува.

Канцеларијата заклучи дека „веројатноста за ерупција сè уште се смета за висока“ и „во случај на ерупција, најверојатната локација е на насип од магма“.

„Скај њуз“ ја цитираше и канцеларијата дека „во оваа фаза не е можно точно да се утврди дали и каде магмата би можела да стигне до површината“.