На која возраст жените се најпривлечни, а на која возраст мажите? Ќе се изненадите кога ќе прочитате

Дали некој е привлечен или не зависи од многу фактори, а најновото истражување покажува дека и годините имаат врска со тоа.

Студијата објавена во списанието New Beauty (New Beaty) се обиде да даде универзален одговор за привлечноста. Во истражувањето учествувале 16.000 луѓе од осум земји: Германија, Италија, Франција, Шпанија, Обединетото Кралство, Австралија, САД и Канада.

Сите испитаници одговориле на едно навидум едноставно прашање: „На која возраст жените се најпривлечни, а на која возраст мажите?

Резултатите од истражувањето покажале дека жените се најатрактивни на 28, а мажите на 32 години.

Интересно е што резултатите во поединечни земји се разликуваат од вкупните резултати.

Така, на пример, во Велика Британија универзалниот одговор беше дека жените се најубави на 23, а мажите на 33, додека Американците сметаа дека жените се најпривлечни на 31, а мажите на 34 години.