На овој датум ќе има најмногу разводи! Животот се менува од корен, драматични промени се случуваат во октомври
Затемнувањето во Овен и Вага ќе донесе големи промени на љубовно поле, па оваа година ќе се распаднат многу врски, но и разводи.
Секое затемнување води до големи промени, а оваа година веќе имаше едно во Овен, а уште едно не очекува во октомври. Знаците како Вага и Овен симболизираат брак, развод, партнерство, себичност, но и иницијатива.
Првото затемнување беше во Овен, кој е огнен знак, што значи дека е одговорен за драстични промени во односите и целите во животот.
Немојте да се изненадите ако некој Овен, Стрелец или Лав од вашето опкружување драстично го промени вашиот живот. Таму во најголемо искушение се Овните кои буквално од корен можат да си го променат животот, но не само за себе, туку и за своето семејство. Сите ќе се соочиме со остро испитување на односите во љубовта и на работа, бидејќи јазолот од минатото ќе застане во знакот на Вага и ќе предизвика невиден наплив на разводи.
Голем број на разводи
Затемнувањето ќе донесе желба за големи промени како што се ненадејни раскинувања и нов почеток од нула. Сепак, не е се така мрачно затоа што во тој период ќе научиме да не се плашиме од нашите желби и ќе можеме да го водиме животот по сопствени правила. Поради ова, повеќето хороскопски знаци ќе се чувствуваат добро бидејќи ќе сфатат дека донеле добри одлуки и дека раскинувањето или разводот е решение за сите проблеми.
Клучен датум во октомври
Клучниот датум кога многумина ќе донесат одлука за прекин на врската или развод ќе биде според затемнувањата во Вага на 2 октомври 2024 година.
Околу тој датум ќе има размислувања за клучните животни промени на љубовно поле, па многумина ќе одлучат да го остават стариот живот и партнерите зад себе.