На позната актерка и е дијагностициран РАК НА ДОЈКА: „Во последните 10 месеци имав 4 ОПЕРАЦИИ, не можам да избројам колку дена поминав во кревет“

Актерката Оливија Ман откри дека и е дијагностициран рак на дојка. Таа денеска се огласи на Инстаграм за да ја објави веста за нејзиното здравје.

„ Во февруари 2023 година, во обид да бидам активна во грижата за моето здравје, отидов на генетско тестирање. Два месеци подоцна ми беше дијагностициран рак на дојка .

Во изминатите 10 месеци имав четири операции, толку многу денови поминати во кревет, не можам ни да избројам “, напиша актерката Оливија Ман.

Оваа холивудска ѕвезда пред неколку дена се појави на 96. доделување на Оскарите во Лос Анџелес.