На социјалните мрежи се врти урнебесна снимка од Вучиќ како сам шета сам по ходниците во Пекинг, Србите се чудат што се случува со нивниот претседател (Видео)

Вучиќ учествуваше на самитот „Појас и пат“ во Пекинг.

На социјалната платформа Х кружи видео од српскиот претседател Александар Вучиќ како шета сам по ходниците на зградата во Пекинг, каде се одржуваше тридневниот самит „Појас и пат“.

Камерата на една кинеска телевизија го снимила осамениот Вучиќ како се движи низ големата сала, многу замислен, како што пренесуваат медиумите во Србија.

Нова.рс потсетува дека ова не е прв пат на социјалните мрежи да се појави видео на кое претседателот е сам на важен настан.

Ако преводот од кинески е точен, на крајот од снимката, една жена го прашува Вучиќ дали сака чај, но тој вели фала и ја одбива понудата.

Тој оди во Пекинг на самит, секој нормален би разговарал со други лидери, само овој сам талка по ходниците, напиша еден корисник на Х.

Слична ситуација се случи во јануари, кога Вучиќ седеше одвоено од сите други лидери на панелот за Западен Балкан, што се одржа во рамките на Светскиот економски форум во Давос.

Вучиќ за време на самитот во Пекинг оствари значајни билатерални разговори, меѓу другото со лидерите на Тајланд, Етиопија, Лаос, Индонезија и Унгарија, а меѓу најважните е средбата со кинескиот лидер Си Џинпинг .

На самитот беше и рускиот претседател Владимир Путин, со кој Вучиќ имаше краток разговор.