На Србија не ѝ треба војна, туку поголемо присуство на КФОР на северот на Косово! Вучиќ: Вашите извештаи не се точни (фото)

Претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, гостуваше на Си-Ен-Ен, каде одговараше на прашања за ситуацијата што се случи во Бањска.

Вучиќ рече дека Србија секогаш ги почитува сите извештаи на Белата куќа и другите институции од САД, но дека новиот извештај не е целосно точен.

Тој потсети на договорот со НАТО дека може да има војници во зоната блиску до административниот премин со Косово и Метохија.

– Не се точни извештаите кои стигнаа до Белата куќа за настаните во Бањска. Според Договорот, имаме право да ја користиме територијата во безбедносната зона. Пред неколку дена имавме помалку од 8.400, денес имаме 4.400 луѓе во таа зона, што е нормално – нагласи претседателот на Србија и додаде:

– Секогаш сме ги слушале нашите партнери за деескалација на ситуацијата, не ни требаат војни, сакаме поголемо присуство на КФОР, особено на северот на Косово!

– Немаше причина да се грижиме бидејќи на Србија не и’ треба конфликт со НАТО, туку обратно – нагласи тој.