На граничниот премин „Табановце“, при влез во државата, полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Север – Полициска станица Табановце вчера го лишиле од слобода С.Ј. (51) од Скопје кај кој биле пронајдени 1 120 парчиња различни видови монети.
Како што информира МВР, на С.Ј. му се одземени монетите и со него е извршен службен разговор. Тој појаснил дека монетите му биле испратени по карго, по претходен договор со лица во Република Србија, од каде отишол да ги земе.
Лицето е предадено на полициски службеници во Полициска станица Куманово за натамошна постапка, а по документирање на случајот ќе следува поднесок.