При засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната спроведена денеска на територијата на СВР Битола во периодот од 11 до 18 часот, изречени се 157 санкции.
Од вкупниот број изречени казни, 32 биле на територијата на Општина Битола, 51 во Прилеп, 44 во Ресен, 14 во Демир Хисар, 9 во Крушево и 7 во Општина Македонски Брод.
Вкупно 79 возачи ја пречекориле брзината на движење во населено место, а 78 надвор од населено место.
– На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци. Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, посочуваат од МВР.