Во текот на вчерашниот ден во спроведената засилена акциска контрола на територијата на Република Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, казнети се 666 возачи.
Од нив, информираа денеска од МВР, 45 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а седум возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 349 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 317 надвор од населено место.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, најавија од МВР и апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.