Вчера во 11 часот и 45 минути во СВР Тетово пријавено е дека на улица „Илинденска“ бил пронајден починат 64-годишниот гостиварец А.Љ.
– Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, соопшти СВР Тетово.
Увид извршиле јавен обвинител и екипа од Одделението за внатрешни работи Гостивар. Се расчистува и документира случајот.