Дечко со огромни бицепси стана хит на TikTok, луѓето пишуваат: „Изгледа како Попај“

Момче со МУСКУЛИ, наречен @theanimalhilemaku стана вистински хит на TikTok благодарение на неговите огромни бицепси кои ги оставаат луѓето во чудо.

Тој има речиси 140.000 следбеници на TikTok, а видеата на кои гордо ги покажува своите мускули собираат милиони прегледи, како и бројни коментари. 

Попај или Џони Браво? 

„Како воопшто носат маици“, праша еден тиктокер, а друг додаде: „А како воопшто се гушка со некого?“ 

„Вистинските пријатели нема да дозволат нивниот пријател да ги прескокне вежбите за нозе“, се пошегува трет. 

 „Дечкото личи на Попај“, коментира трет, но имало и такви кои не се согласуваат : „Плукнат е на Џони Браво“. 

“Одлично е што тој мисли дека ова изгледа добро. Претпоставувам дека тоа е единственото нешто што е важно. Тој е оној кој мора да живее со нив”, заклучил тиктокерот.