Шолц: Никогаш не сум консумирал канабис

Германската влада неодамна одлучи делумно да го легализира канабисот за приватна употреба

Германскиот канцелар Олаф Шолц (65) изјавил дека никогаш во животот не консумирал канабис.

На прашањето на германската телевизија дали некогаш пушел џоинт во младоста, тој одговори негативно.

-Никогаш не сум го пушел тоа, ниту еден дим – рекол Шолц.

Германската влада неодамна одлучи делумно да го легализира канабисот за приватна употреба, а Шолц вели дека верува оти владата ја прави вистинската работа со претпазливиот потег.

– Но, ако некој ме праша дали треба или не, јас секогаш би рекол – не – рекол германскиот канцелар.

Сојузниот министер за здравство Карл Лаутербах рече дека неодамна усвоениот закон не е донесен за да се легализира потрошувачката на канабис, туку за да се ограничи потрошувачката и да се направи побезбеден.