Неверојатна кражба во Англија: Група мажи упаднале во палатата Бленхајм – украле вц шолја вредна 4,8 милиони!

Четворица мажи се обвинети за кражба на вц шолја од 18 каратно злато од палата во јужна Англија во 2019 година, соопшти британското обвинителство (CPS).

Целосно функционалниот тоалет, проценет на 4,8 милиони фунти (5,9 милиони долари), беше дел од изложбата на италијанскиот концептуален уметник во палатата Бленхајм, главна туристичка атракција и светско наследство на УНЕСКО.

Кралското обвинителство соопшти дека Џејмс Шин (39) е обвинет за едно обвинение за кражба и две точки за пренос на имот стекнат со криминал.

Според Ројтерс, обвинети се уште тројца – Мајкл Џонс, Фред Дау и Бора Гучук, исто така на возраст од 30 години.

Во моментот на кражбата полицијата соопшти дека провалниците нешто пред 5 часот утрото упаднале во палатата со две возила.

Палатата Бленхајм, родното место и домот на предците на британскиот премиер и воен командант Винстон Черчил, во 2019 година соопшти дека украдената вц шолја претходно бил изложена во музејот Гугенхајм во Њујорк.

Четворицата обвинети ќе се појават пред судот на 28 ноември.