НЕВЕРОЈАТНИ ВИДЕА ОД ТУРЦИЈА! Земјотресот откри една морничава работа: „Не ми се верува, погледнете го ова…“ (ВИДЕО)

Од Кахраманмарас, кој речиси беше срамнет со земја по разорните земјотреси кои во понеделникот ја погодија Турција, пристигнуваат неверојатни слики кои ја покажуваат неодговорноста и негрижата на градежниците во источниот регион на земјата.

На видеото што го објави турскиот медиум „Сабах“, се слушаат двајца мажи кои со неверување покажуваат кон зграда која е навалена наназад бидејќи нема темел. Станува збор за станбена зграда од пет ката која иако не е урната, веќе не е употреблива за домување.

– Не ми се верува, погледнете го ова – вели еден од нив додека камерата покажува дека зградата во основа е изградена на земја без потребните столбови и темели.

Соговорниците на „Сабах“ посочуваат дека се работи за метод на градба наречена „општа подна покривка“ која, сепак, е направена толку површно што предизвикало почвата да се претвори во глина и да доведе до овој застрашувачки ефект.

Според инженерот, оваа снимка ја покажува потребата од геотехнички студии, кои обично се вршат само кога се работи за високи згради.