Невестата го поништила бракот по само три минути: Се предомислила поради овој збор што го кажал нејзиниот избраник
Веднаш по свадбата, повеќето парови се чувствуваат среќни и задоволни. По прославувањето со пријателите и семејството, обично следи меден месец, а разводот веројатно е последното нешто што им паѓа на памет во тие моменти.
Но, за еден пар од Кувајт, текот на работите бил малку поразличен.
Како што пренесе британскиот „Мирор“, нивната среќа траела неполни три минути.
Имено, додека невестата и младоженецот излегувале од зградата на општината каде што стапиле во брак, се случила мала незгода. Таа се сопнала и паднала на земја. Реакцијата на сопругот била искажана со еден: Глупава. Веднаш зажалил.
Откако застанала на нозе, таа се вратила кај матичарот и побарала да се поништи бракот.
Матичарот немал ништо против и се согласил да го поништи по само три минути брак, пишува британски „Мирор“.