НЕВЕСТАТА НА СВАДБА НАПРАВИЛА КАРАМБОЛ Земала пиштол и почнала да пука – Цела полиција се кренала на нозе, а таа веднаш побегнала (ВИДЕО)

Локалната полиција соопшти дека поднела случај против жената, која е исчезната по инцидентот.

Полицијата во северната индиска држава Утар Прадеш трага по жена која пукала со пиштол на нејзината свадба .

На снимката на социјалните мрежи се гледа како жена испука четири куршуми во воздух додека седи до својот сопруг .

Локалната полиција соопшти дека поднела случај против жената, која е исчезната по инцидентот.

Свеченото пукање за време на свадби е вообичаено во некои северни индиски држави и често резултира со повреди, па дури и со смртни случаи.

Според индискиот закон, секој што користи огнено оружје „на невнимателен начин или во славеничко пукање“, ставајќи ги другите во ризик, може да се соочи со затворска казна, парична казна или дури и двете.

Во 2016 година, судот во главниот град на Утар Прадеш, Лакнау, нареди да се истражи секој случај на славеничко пукање, без разлика дали полицијата поднела жалба, пренесува Би-Би-Си.

Како што пишува „Тајмс оф Индија“, видеото од невестата го снимил роднина, кој го објавил и на социјалните мрежи.

Од полицијата за весникот изјавиле дека жената побегнала бидејќи се плашела да не биде уапсена.