Невиден скандал во австриското собрание: Зеленски почна да зборува, а пратениците станаа и ја напуштија седницата! (ВИДЕО)

Австриските екстремно десничарски пратеници ја напуштија седницата на Долниот дом на парламентот во четвртокот за време на виртуелното обраќање на украинскиот претседател Володимир Зеленски, велејќи дека тоа е „кршење“ на статусот на неутралност на Австрија.

Членовите на Слободарската партија на Австрија ги напуштија своите места кога Зеленски го започна своето видео обраќање, оставајќи на нивните бироа мали картички со логото на партијата и пораката „простор за мир“, пренесува ОРФ.

Во видео пораката на својот Твитер профил во четвртокот, партијата рече: „Да за неутралноста, не за воинот“. ФПО предупреди неколку дена претходно дека ќе организира некаков облик на протест против виртуелното обраќање на украинскиот претседател во австрискиот парламент.

„Тажно е што ФПО е единствената партија во парламентот која сериозно ја сфаќа нашата вечна неутралност, а со тоа се залага за мир“, рече лидерот на ФПО Херберт Кикл во изјавата во вторникот. Тој, исто така, ја обвини австриската влада и другите опозициски партии за покажувањето „ еднострана поддршка на воената партија“.

Во својот говор, Зеленски се заблагодари на Австрија за хуманитарната помош и помошта во проекти, како што е чистењето мини, додавајќи дека „важно е да не се биде морално неутрален кон злото“. Австрија не е дел од НАТО и не испорачува оружје на Украина. Сепак, на Украина и’ обезбеди хуманитарна помош и шлемови и заштитни елеци за цивилна употреба.

Австрискиот канцелар Карл Немер минатата недела се огласи на Твитер за да го нагласи неутралниот статус на неговата земја и рече дека иако неговата земја е воено неутрална.

ФПО одржуваше блиски врски со Русија во минатото, а во 2016 година партијата потпиша договор за соработка со Единствена Русија, конзервативната партија која има мнозинство во рускиот парламент. Во 2018 година, рускиот претседател Владимир Путин беше забележан во Австрија како гостин на свадбата на Карин Кнајсл, членка на ФПО и тогашна австриска министерка за надворешни работи, јавува Си-Ен-Ен.