НЕВИДЕН СКАНДАЛ: Oдбиле да наточат керозин во авионот на Лавров! Шефот на руската дипломатија мораше да се снаоѓа

Русија трпи бројни санкции

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров доживеа невиден скандал за време на неговата турнеја во Латинска Америка!

Лавров по посетата на Куба и Венецуела дојде на министерскиот состанок на Г-20 во Бразил, но дипломатската посета беше нарушена со голем скандал.

Порталот AeroTelegraph наведува дека операторот на аеродромски услуги во Рио де Жанеиро одбил да го наполни горивото на рускиот Il-96 со керозин. Компанијата „Вибра Енергија“ наведува дека ваквата одлука е донесена поради американските санкции кои забрануваат услуги на руски владини авиони.

Лавров, кој сакаше да отпатува во Бразилија на средба со претседателот на земјата Луис Инасио да Силва, потоа сакаше да се врати во Москва, а се разгледуваше и можноста авионот да се наполни со керозин од бразилските воздухопловни сили. Меѓутоа, тој план пропаднал, пишува АероТелеграф, а според официјалната верзија армијата немала доволно гориво.

Лавров потоа мораше да лета до главниот град на Бразил како патник во авионот на министерот за надворешни работи Мауро Виеира.

Во пресрет на неговото пристигнување во Латинска Америка, рускиот министер за надворешни работи го повтори својот став дека обидите да се изолира Русија не успеаја и уште еднаш ги обвини САД дека создаваат хаос во светот.

Лавров во Венецуела предложи двете земји заедно да „бараат правда“ во врска со конфискацијата на имотот, а во Куба најави нов руски заем за таа земја.