Дунав станува клучна река во светот, еве и зошто

Приближувањето на руската војска до Дунав кај Одеса, и на границата со Молдавија е многу непријатна ситуација за САД, НАТО и Украина од воени, економски и сообраќајни причини.

Со избивањето на војната во Украина, значењето на Дунав стана поголемо и поважно.

Посебно што се однесува до потенцијалната улога и транспортот на житарки со речни бродови од украинските пристаништа на Црното море до Северното море, вклучувајќи ги пристаништата Рени и Измаил на Дунав, наведува „TV Front“.

Американската агенција „Bloomberg“ објавила текст за тоа дека Дунав за Украина, поради руската поморска блокада на Црното Море и копнената блокада на границата меѓу Полска и Украина, ќе стане приоритетна река за снабдување и извоз.

Предложената нов рута би одела украинското пристаниште Измаил до романска Констанца и дунавските пристаништа во Германија.

Украинското Дунавско бродарство веќе изградило втора баржа на голема бродска тонажа за испорака на товар.

Украинскиот извоз минатата година, во главно на храна и метални производи, вредел 35,8 милијарди долари, што е речиси 48 проценти помалку од предвоеното ниво во 2021-ва.

Меѓутоа, не е Дунав важен само за економијата на Украина, туку станува клучен и по прашањето за воена логистика на европскиот и тоа на рутата Северно море – Рајна – Дунав – Црно море.

Исто така, сите американски воени складишта во Германија се директно поврзани со Дунав.

Со бродовите е можно префрлање на многу поголеми количини на оружје и муниција на источната граница на НАТО, без користење на патен и железнички транспорт.

Сите големи пристаништа кои се наоѓаат на Северното море – Амстердам, Ротердам, Флисинген, Заброте – се клучни за истоварување на товар и борбена техника која во Европа се носи од САД преку Атлантскиот океан.

Бродовите можат со опрема да одат понатаму кон каналот Рајна-Мајна. На тој пат се наоѓаат и американски воени бази и складишта во западниот дел на Германија уште од времето на Студената војна.