НЕВИДЕН ХАОС: Дали се степаа Килијан Мбапе и супербогатиот газда на ПСЖ?!

Сагата за тоа дали Килијан Мбапе, кој јавно се прости од ФК ПСЖ, каде што пристигна во вториот најголем трансфер на сите времиња (за неговото доаѓање му беа исплатени 170 милиони евра на Монако), навистина се пресели во Реал Мадрид, доби неочекувана епизода.

НЕВИДЕН ХАОС: Се степаа ли Килијан Мбапе и супербогатиот газда на ПСЖ?!

Имено, еден од водечките француски медиуми „Паризиен“ објави ексклузивна информација дека Мбапе и шефот на Пари Сен Жермен, Насер ел Хелаифи се степале. Претседателот на клубот, еден од најуспешните бизнисмени од Катар, наводно го прашал Мбапе зошто не го спомнал во неговиот проштален говор, по што дошло до тепачка, а потоа и вистинска физичка пресметка пред мечот со Тулуз (кој заврши во пораз од париски „светци“ со 1:3) Недолго потоа „контра“ имаше водечкиот француски спортски весник „Екип“, кој објави дека „немало тепачка, туку имало искри“.

Тој медиум објави дека Мбапе и Ел Хелаифи имале „многу непријатен разговор, со високи тонови“, а наводно станувало збор за „финансискиот аспект на трансферот на францускиот репрезентативец во Реал Мадрид“.