НЕВИДЕН ХОРОР – Четири деца ги загубија животите во пожар, мајката обвинета за убиството !?

Мајка е обвинета по четири точки за убиство од небрежност, откако нејзините четворица синови загинаа во пожар во јужен Лондон, соопшти полицијата.

Жената (29 г.) во четвртокот доби кривична пријава за убиство од небрежност и напуштање на дете.

Таа ќе се појави пред суд во понеделник.

На децата им била укажана лекарска помош на местото на настанот пред да бидат однесени во две болници во јужен Лондон каде што били погласени за мртви.

Околу 60 пожарникари пристигнале на терен за помалку од три минути и се обиделе да ги спасат децата.

По трагедијата, таткото на четири момчиња рекол дека семејството е „целосно уништено“.