,,Невозможно е да се порази Русија!” – Путин испрати драматично предупредување: „Државноста на Украина наскоро ќе биде доведена во прашање“

,,Украинската контраофанзива пропадна, а ако продолжи вака, државноста на земјата наскоро ќе биде доведена во прашање”, изјави рускиот претседател Владимир Путин на доделувањето на наградите по форумот „Мала татковина – сила на Русија“. 

– Ако вака продолжи, како до сега, и тоа е сосема очигледно, украинската контраофанзива не само што не успеа, туку и руските вооружени сили целосно ја презедоа иницијативата – ако вака продолжи, на украинската државност може да и’ се нанесе непоправлив, многу сериозен удар. – рече рускиот лидер.

Тој потсети дека Украина одби да преговара со Русија.

– Глупаци, да се согласеа на мир, сè ќе завршеше пред година и пол – рече Путин.

Тој додаде дека Русија секогаш ги штитела своите интереси – ќе ги штити и сега.

– Невозможно е да се поразат Русите – рече рускиот претседател.

Путин најави дека кризата во Украина е резултат на настани поврзани со распадот на СССР и дека главната причина е зајакнувањето на национализмот во Украина.

– Она што сега се случува, односно обединување на нашето општество, зајакнување на нашата економија, а не само кога станува збор за земјоделството или индустријата, растот на потенцијалот на вооружените сили – сето тоа е целосно изненадување за непријателот! Целосно и апсолутно! – додаде рускиот претседател.