Незапирливиот Јокиќ го одржа новогодишниот час по кошарка и го оствари 144-от трипл-дабл во кариерата (Видео)
Кошаркарите на Денвер Нагетс на свој паркет ги победија Атланта Хокс со резултат 139:120, благодарение на трипл-даблот на Никола Јокиќ.
Незапирливиот српски кошаркар постигна 23 поени, со 17 скока и 15 асистенции, а работите да бидат поинтересни, не играше ниту во четвртата четвртина.
Јокиќ за малку ќе постигнеше трипл-дабл во првото полувреме, но промаши една асистенција. Сепак, на почетокот на третата четвртина го потврди својот 144. трипл-дабл во кариерата.
Така стана првиот човек кој за помалку од половина час игра собрал најмалку 15 поени, 15 скока и 15 асистенции.
Џамал Мареј постигна 21 поен, а Расел Вестбрук додаде 16 со 11 асистенции. На другата страна, Трае Јанг постигна 30 поени со девет асистенции, додека резервистот Де’Андре Хантер додаде 20.
Карл-Ентони Таунс постигна 31 поен со дури 21 скок во мечот во кој Њујорк Никс стигна до деветтата последователна победа во лигата со триумфот од 119:103 против Јута Џез.
Одличен беше и Џош Харт со 15 поени, 14 скока и 12 асистенции. Микал Бриџис постигна 27 поени, а ОГ Ануноби постигна 22 за Никс, додека Џејлен Брунсон го пропушти натпреварот поради полесна повреда.
Џордан Кларксон и Колин Секстон постигнаа по 25 за Џезовите, кои го загубија својот петти последователен натпревар.