Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска изјави дека Кина размислува да испрати оружје и муниција во Русија за војната во Украина.
Тој изјави дека кинеските компании веќе и даваат одредена поддршка на Русија, додека новите информации сугерираат дека и Пекинг би можел да испрати оружје, пренесува Би-Би-Си.
„Таквата ескалација би значела сериозни последици за Кина“, рече Блинкен.
Според британскиот јавен сервис, кинескиот претседател Си Џинпинг се обидува да остане неутрален во конфликтот, повика на мир, а кинеското Министерство за надворешни работи најави дека нема да прифати „покажување со прст“ од страна на САД во однос на нивните односи со Русија.