НЕМАЛ ПОИМ ДЕКА ПОСТОЈАТ ЖЕНИ: ПОМИНАЛ 41 ГОДИНА ВО ШУМА, А КОГА СЕ ВРАТИЛ ВО ЦИВИЛИЗАЦИЈАТА ДОЖИВЕАЛ ШОК

Хо Ван Ланг е човек кој го гледавме како Тарзан на новото време, бидејќи неговиот живот личеше на филмска приказна за џунглата.

За време на војната во Виетнам, Хо Ван Тан живеел со своето семејство во малото село Тра Кем. Воделе нормален живот се додека не ги загубил сопругата и двата сина поради експлозија на мина. Потоа го зема својот двегодишен син Хо Ван Ланг и решава целосно да се изолира од сите форми на цивилизација во џунглата. После тоа, во следните 41 година тие двајца не стапиле во контакт со никого.

Преживеале благодарение на овошјето, медот, одгледувањето пченка, а во исхраната често вклучувале и змии, гуштери, стаорци, па дури и мајмуни. Своето време го поминувале градејќи засолништа, учејќи да ловат, но и да се бранат од различните опасности што ги демнат на таквите области. Најчесто живееле во дрвени колиби кои ги кревале пет метри над земјата. Нивната облека се состоела од наметки направени од кора од дрво.

Не веруваше дека војната е завршена, па се плашел да се врати кај луѓето.

Неговиот син Ланг од најраното детство го поминал својот живот меѓу растенија и животни, па не нè чуди фактот што овој вистински Тарзан не ни знаел дека постојат жени. Прв пат видел жена кога гледал во населба од далечина, но како што рекол тогаш, татко му никогаш не му објаснил дека има два пола.

Не го познаваше човекот како некакво живо суштество, затоа секогаш трчаше и се криеше кога ќе видеше некого. До моментот кога тој и неговиот татко дошле во населба, Ланг во животот запознал само 5 луѓе.

Кога тие двајца повторно воспоставиле контакт со цивилизацијата, тоа било 2013 година , и тие веруваа дека војната сè уште беснее. Тие дојдоа во едно село и побараа медицинска помош за таткото на Ланг, Хо Ван Тан.

По 2013 година, Ланг почнал да живее релативно модерен начин на живот , но пријателите верувале дека стресот и лошата исхрана на современото општество лошо влијаеле на неговото здравје.

Неговиот пријател Алваро рекол дека „ модерниот“ живот имал фатални последици за Ланг откако почнал да јаде преработена храна, а понекогаш и да пие алкохол.

Лагн се вратил да живее во семејната куќа во 2016 година.

Неговиот пријател Алваро, кој исто така сними документарен филм за Ланг, рече:

„ Тој беше најфасцинантната личност што некогаш сум ја сретнал. Сакав да научам нешто ново за преживувањето во џунглата, па Ланг ме одведе во кабината каде што живеел 40 години. Додека преживувавме во џунглата, сè што правев со часови можеше да заврши за секунди. Беше мало дете со вештини за супермен“.

Хо ван Ланг почина на 52-годишна возраст од рак.