НЕМА КРАЈ ЗА ПРОБЛЕМИТЕ НА ЈУВЕНТУС – Некогаш најскапиот фудбалер на светот на работ на долгорочна суспензија, а клубот веќе го отпиша и најде замена !?
Италијанскиот фудбалски гигант најде замена за Пол Погба, кој се соочува со повеќегодишна суспензија поради позитивен допинг тест.
Пол Погба „падна“ на допинг тест по првенствениот натпревар против Удинезе на 20. август. Францускиот фудбалер за врска остана на клупата цел натпревар, но беше еден од оние по случаен избор на тестирање.
Пол Погба е автоматски суспендиран во очекување на анализа на примерокот Б. Францускиот фудбалер за врска би можел да биде суспендиран до четири години, а според вестите кои доаѓаат од Апенините, Јувентус ќе го раскине неговиот договор доколку се потврди наодот Б, без разлика на должината на забраната.
Италијанските медиуми пренесуваат дека „Старата дама“ од Торино веќе почнала да бара замена за Пол Погба, а изборот наводно паднал на играчот од средниот ред на Арсенал, Томас Партеј (30 г.).
Репрезентативецот на Гана летото веќе беше поврзуван со трансфер во италијанскиот гигант, но „Топчиите“ не сакаа да го продадат само така.
Томас Партеј во Арсенал пристигна во 2020 година од Атлетико Мадрид, а претходно играше за Мајорка и Алмерија.