Притвор за осомничен за силување во струмичко

 Основното јавно обвинителство Струмица донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 25-годишник за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Полов напад и силување од член 186 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка денеска достави предлог за определување мерка притвор, оценувајќи дека се исполнети законските основи.

Како што соопшти ОЈО, осомничениот го сторил делото на 13 септември, во раните утрински часови, кога влегол во домот на оштетена во селото во кое престојувал додека таа спиела и врз неа извршил полов напад.