НЕМА КРАЈ НА АГОНИЈАТА ЗА НАЈМОЌНАТА ЕКОНОМИЈА ВО ЕВРОПА – “Ова се проблеми кои би можеле да не кочат со децении“

Германската економија благо ќе се намали оваа година, а следната година само малку ќе порасне, покажуваат новите проценки на владините економски советници во средата.

Најголемата европска економија годинава ќе се намали за 0,4 отсто процени. Во март тие прогнозираат пад на активноста од 0,2 отсто.

И во наредната година активноста треба повеќе или помалку да стагнира, со прогнозирана скромна стапка на раст од 0,7 отсто, оценуваат тие. Пролетва очекуваат раст на БДП од 1,3 отсто.

Најголемите проблеми за извозно ориентираната економија се бавното закрепнување во Кина по укинувањето на пандемските ограничувања и слабата глобална побарувачка, се посочува во извештајот. Тие го истакнуваат и скокот на цените на енергијата, слабеењето на домашната побарувачка и геополитичките конфликти.

Сепак, како што истакнаа, уште повеќе ги загрижуваат структурните проблеми, како што е недостигот на работна сила и нискиот степен на модернизација во компаниите. Овие структурни проблеми би можеле да ја кочат економијата со децении, предупредија експертите и советниците.

Додаваат и дека Германија во наредните децении ќе се соочи со сосема други проблеми доколку Владата и компаниите не преземат итни мерки.

Германија се соочува со стареење на населението кое може да го продлабочи проблемот со недостигот на работници, а индустриските компании бавно ја прифаќаат дигиталната технологија и се во опасност да заостанат зад глобалната конкуренција, објаснуваат тие.

Тие препорачуваат Владата да им обезбеди на граѓаните дополнителни стимулации за работа со полно работно време, реформи во имиграциската политика, повеќе инвестиции и поголема отвореност за нови технологии, како што е вештачката интелигенција.

Сметаат и дека треба да се зголеми старосната граница за пензионирање за да се намали притисокот врз пензискиот систем, без да прецизираат колкава треба да биде. Тие само сугерираат дека тоа е поврзано со зголемениот животен век на човекот.

Според нивната проценка, инфлацијата годинава треба да изнесува 6,1 отсто, а во 2024 година нагло да забави на 2,6 отсто, што е за приближно половина процентен поен помалку отколку што покажаа пролетните прогнози.