НЕНАДЕЈНА ПОСЕТА – Примерот на Јапонија пристигна во Киев на средба со Зеленски! Русите бесни затоа што Токио не го најавил патувањето
Премиерот на Јапонија, Фумио Кишида денес пристигна во Киев нешто пред 12:00 часот по средноевропско време.
Кишида пристигна со воз од Полска и по десетчасовно патување пристигнал во главниот град на Украина, Киев. Според видео-снимките прикажани на јапонската државна телевизија, претседателот на јапонската Влада бил пречекан на железничката станица во Киев, од заменик-министерката за надворешни работи на Украина, Емина Јапарова.
Се очекува во блиска иднина премиерот на Јапонија да се сретне со претседателот на Украина, Володимир Зеленски. Ова е прва посета на Кишида на Украина од почетокот на руската инвазија во Украина.
Тој останува последен од лидерите на земјите од Г-7 кои се уште не биле на таков пат, односно во посета на Украина. Кишида е придружуван од секретарот на Советот за национална безбедност на Јапонија, Такео Акиба и претставници од Министерството за надворешни работи на Јапонија.
Кишида во текот на денот ќе се сретне со претседателот на Украина, Володимир Зеленски.