НЕНАДЕЈНА СМРТ: Босански фудбалер пронајден мртов во Америка!

На 30-годишна возраст почина поранешниот фудбалер на Сараево и Тузла, Нермин Црнкиќ.

Неговото тело без знаци на живот е пронајдено во стан во Соединетите Американски Држави, а се вели дека починал откако ненадејно му се слошило. Тој наводно имал проблеми со срцето.

Црнкиќ неодамна беше хоспитализиран поради одредени здравствени проблеми, а по неколкудневно лекување е пуштен дома. Сепак, болеста очигледно не била излечена.

Во Премиер лигата на Босна и Херцеговина играше за Сараево и Тузла, а вкупно забележа 95 настапи и 20 гола и 12 асистенции. Во Америка настапуваше за Мичиген Бакс, додека во Европа го носеше дресот на Јаблонец, Слован Братислава и Ерфурт.