НЕНАДЕЈНО ПОЧИНА ПОЗНАТА ФИТНЕС ИНФЛУЕНСЕРКА: „Имаше само 33 години, една недела се бореше за живот, ова беше ФАТАЛНО“
Фитнес инструкторката од Бразил Лариса Борхес почина на 33-годишна возраст.
За време на патувањето, на 20 август, таа доживеала срцев удар , по што паднала во кома.
Младата инструкторка седум дена се борела за живот, по што доживеала нов срцев удар, кој бил кобен за неа.
Властите побараа обдукција, иако наодите покажаа дека дрогата и алкохолот се причина за смртта, според Њујорк пост.
– Има дојава за можно внесување наркотични супстанции, акумулирани со алкохолни пијалоци – изјави заменик Густаво Барчелос.