НЕРВОЗНИОТ СЕРГЕЈ ЛАВРОВ ГИ ОПОМЕНА КОЛЕГИТЕ ВО СКОПЈЕ – Русија јасно порача која земја ќе биде новата жртва на Владимир Путин !?

Mинистерот за надворешни работи на Руската Федерација, Сергеј Лавров, се чини дека индиректно ѝ се закани на Молдавија среде тековната војна против Украина, за која Кремљ продолжува да тврди дека ја извршил Запад.

Имено, Сергеј Лавров вчера во Скопје изјави дека Молдавија се става во опасност со желбата за влез во Европската унија. Ова го изјави за време на Министерскиот состанок на ОБСЕ во спортската сала „Борис Трајковски“. Неговите зборови предизвикаа бура на конференцијата, а за време на неговото излагање се слушаше мрморење, па во еден момент првиот човек на руската дипломатија им порача на колегите:

Можете ли да ме оставете на мира, Ве молам ?

Во јуни минатата година, членките на ЕУ и понудија поддршка на Молдавија и и дадоа кандидатски статус, а оваа поддршка беше потврдена во март годинава.

Козачкиот меморандум, кој можеше да ја реши ситуацијата во Молдавија пред 20 години, е еден од спречените обиди за решавање на акутните проблеми на нашиот континент врз основа на принципите на ОБСЕ. Во тоа време НАТО и Брисел го торпедираа документот. Всушност, Молдавија е предодредена да биде следната жртва во хибридната војна против Русија што ја започна Запад“, порача во неговото обраќање Сергеј Лавров.

Меморандумот од Козак беше план од 2003 година предложен од Русија, кој се обиде да ги реши односите меѓу Молдавија и Придњестровје, сепаратистички регион што се отцепи од Молдавија во 1990 година. Тогашниот претседател на МолдавијаВладимир Воронин, на крајот го отфрли тој меморандум.

Сергеј Лавров

Претходниот ден Министерството за надворешни работи на Молдавија ги осуди коментарите на Сергеј Лавров и руската инвазија на Украина ја нарече брутална.

Руските изјави се дел од серијата непријателски дејствија што Руската Федерација се обидува да ги спроведе кон нашата земја во изминатите 30 години. За среќа, сето ова време партнерските земји од Запад беа покрај нас и ни помогнаа да ги надминеме овие закани“, стои во соопштението на Министерството за надворешни работи на Молдавија.

Имајќи предвид дека министерот Сергеј Лавров навистина пристигна на министерскиот состанок на ОБСЕ, се надеваме дека и тој ќе ја разбере нашата јасна и остра порака: Република Молдавија оди неповратно по европскиот пат и денес повеќе од кога било инсистираме на итно и безусловно повлекување на руските трупи од нашата територија“, се додава во соопштението.

На 24. ноември, руските власти ја прекорија Молдавија и се заканија со одмазда откако нејзиниот парламент гласаше за приклучување на санкциите на ЕУ против Русија поради војната во Украина. Потегот на Молдавија е дел од чекорите за измена на законодавството за да може да аплицира за членство во ЕУ.

Советникот на министерот за надворешни работи на УкраинаАнтон Герашченко, во објава на социјалната мрежа Х (Твитер) напиша дека коментарите на Сергеј Лавров потврдуваат дека Русија нема намера да се повлече од Украина доколку не биде запрена.

Професорот од Универзитетот „Висконсин-Медисон“, Михаил Троицки, за Newsweek изјави дека коментарите на Сергеј Лавров ја удвојуваат позицијата на Русија дека била принудена или охрабрена да ја нападне Украина додека земјата се приближува кон пристапување во НАТО.

Новите забелешки на Сергеј Лавров би можеле да бидат алармантни, додава Михаил Троицки, бидејќи Русија сега смета дека е неприфатливо не само влезот во НАТО, туку и влезот во ЕУ.

Сергеј Лавров вели дека проблемот со Молдавија за Русија е што Молдавија и нејзините западни партнери ја туркаат Русија од процесот во Придњестровје – рускиот свет. Затоа, природно е Молдавија да го доживува ова како закана слична на онаа што Москва ја испрати во Киев на почетокот на 2022 година“, додава Михаил Троицки.