Несреќа на пат кон Газа: Повредена директорка на УНИЦЕФ

Извршната директорка на УНИЦЕФ, Кетрин Расел денеска е повредена во сообраќајна несреќа во Египет на пат кон Појасот Газа, поради што морала да ја одложи посетата на Израел.

Ова го соопшти УНИЦЕФ.

„На пат кон Рафах, веруваме дека се обиделе да избегнат голема дупка, поради што автомобилот поминал преку длабок ров и се превртел“, изјави портпаролот на УНИЦЕФ, Кертис Купер, пренесе Ројтерс.

Додаде дека Расел е повредена, но дека нејзините повреди не се сметаат за сериозни, сепак и е потребна дополнителна нега, поради што го одложила остатокот од посетата на регионот.