Нејмар купи часовник вреден 1,5 милиони евра, во светот има само 30 примероци

Поради големите примања кои ги имаат фудбалерите, се понормално е на социјалните мрежи да ги прикажуваат најновите моди. Супер спортски автомобили, големи куќи или скапи накит се дел од подароците кои славните личности си ги подаруваат во секојдневниот живот. Последен тоа го направи бразилскиот ас Нејмар.

За да го заврши својот одмор на најдобар начин, Нејмар ја збогати својата луксузна колекција на часовници со модел на Ричард Мил, пишува Mundo Deportivo .

Бразилската ѕвезда купи луксузен Ричард Мил 68-01 Сирил Конго вреден 1,5 милиони евра. Станува збор за ексклузивна копија од која има само 30 примероци во светот.

Всушност, моделот на Нејмар е рачно насликан од графити уметникот Сирил Фан.

Бразилскиот играч има долга и скапа колекција на луксузни часовници. Меѓу нив е „ролекс“ вреден 17 илјади евра, „Дајтона „Окото на тигарот“ од 400 илјади евра, уште еден Ричард Мил 052 „Турбилон череп“ за 1,6 милиони евра и уште две „Дајтони“ од 100 илјади и 24 илјади евра.