Градско, околните населени места и Росоман со рестрикции на водата за пиење

– Жителите на Градско, околните населени места Долно Градско и Уланци, во овие пеколни горештени се беа редовно водоснабдување. Иста е состојбата и во Росаман. Во изминатите две недели рестрикциите наместо ноќе како што беше претходно се воведени дење во периодот од 11 до 14 часот.

Причината за воведените рестрикции е зато што цевководот од системот  „Макарија“ кој ги снабдува со вода за поливање на нивите  доживеа хаварија на 27 мај. Така скоро два месеци  без вода се и полињата  и луѓетоѐ. Како што информира за МИА градоначалникотна Општина Градско Киро Нацковжителите, веќе протестирале, а како локална власт во повеќе наврати досега и побарале од Водостопанство да го оспособи системот за наводнување  „Макарија“. Нацков  информира дека  добиле ветување од Водостопанство дека ќе биде оспособен до 22 јули.

-Како и да е секој ден е состојбата со водоснабдувањето на Градско е  се поалармантна. Затоа што освен за пиење и лична хигиена жителите на Градско и околните населени места во отсуство на системот за наводнување „Макарија“,  се принудени  да ги наводнуваат своите бавчи  во дворовите од по неколку декари  со вода од градскиот водовод. Поради тоа сме и соочени со недостиг на вода, посочува градоначалникот Нацков.

Тој очекува од Водостопанство што побрзо  да го оспособи цевководот за наводнување ид системот „Макарија“.

Воедно информира дека како Општина секојдневно им помагаат на работниците кои работат на поправка на водоснабдителниот систем „Макарија“, со тоа што им носат вода за пиење  и овошје, за  што полесно да ги пребродат горештините и да можат да работат.

Градско има систем за водоснабдување од неколку бунари за вода од кои водата се испорачува преку градскиот водовод до домаќинствата и фирмите.