„Многу луѓе останаа доживотно инвалиди по ваквите акробации“: Шок снимка од плажа во Црна Гора (ВИДЕО)

Снимка од плажа во Црна Гора ги шокираше корисниците на социјалните мрежи, бидејќи на неа се гледа како девојка скока од карпа во морето. 

На видеото се гледаат десетина млади луѓе кои стојат на карпа и чекаат на ред да скокнат во морето. 

Меѓутоа, вистинската драма настанала кога девојка скокнала во водата. 

Почнала да скока по глава, но при исфрлањето неправилно се одразила и потоа паднала на стомак во морето веднаш до острите карпи.

„Така мојот училишен другар го остави целото лице на камен, а без здив беше доставен во болница“, „Момент на невнимание и се може да се случи“, „Со ова не се игра. Многу луѓе остануваат доживотно инвалиди после вакви акробации“, беа само дел од коментарите под ова видео.