Тројца тинејџери ранети во пукање на Тајмс Сквер во Њујорк

Тројца тинејџери се ранети синоќа во пукање на Тајмс Сквер во Њујорк, соопшти денеска  полицијата. 

Пукањето се случило во близина на Седмата авенија синоќа околу 22:50 часот по локално време. 

Ранетите тинејџери се на возраст меѓу 15 и 18 години и се вон животна опасност.

Полицијата е во потрага по напаѓачот.