НЕ БИЛ ДОБРЕДОЈДЕН! Читател на усни ја протолкува интеракцијата на Хари со неговите роднини на крунисувањето, крајно непријатна ситуација

Раскол во кралското семејство!

Читач на усни откри што им рекол принцот Хари на гостите кога пристигнал во Вестминстерската опатија за крунисувањето на неговиот татко, кралот Чарлс III. Војводата од Сасекс пристигна во исто време со неговите братучеди, принцезите Беатрис и Евгенија, заедно со нивните сопрузи.

Тој влезе пред неговиот брат Вилијам и Кејт Мидлтон, а неговото место беше три реда зад принцот и принцезата од Велс. При влегувањето, Хари учтиво ги поздрави некои од другите гости, велејќи „Здраво“, „Добро утро“ и „Убаво е што ве гледам“ . Читачот на усни, исто така, тврди дека рекол „Види го тоа“ додека гледал низ опатијата и коментирал дека сè е „прекрасно“.

Хари седеше до сопругот на Евгенија, Џек и принцезата Александра, братучетка на покојната кралица, која немаше работен кралски ангажман во изминатата деценија. Експертот за говор на телото Џуди Џејмс објасни дека Хари изгледал нервозно додека чекал да пристигне Чарлс.

 Додека Хари чекаше на своето место да пристигнат татко му и брат му, имаше некои јасни знаци на екстремна напнатост или непријатност. Тој ги гризна усните и ги лижеше и почесто трепкаше што покажуваше дека е под наплив на адреналин поради стрес. рече таа за The Mirror.

Џуди потоа вели дека војводата од Сасекс почнал да зјапа во принцезата Ана, која седела во првиот ред, правејќи необичен гест. Погледот му беше вперен во тетка му Ана која разговараше со луѓето на седиштата пред него, а потоа наеднаш ја спушти главата.

Џуди верува дека Хари бил среќен што ги видел своите роднини.

„Прво разговараше со Ед и го привлече вниманието на Евгенија, а потоа го видовме неверојатното враќање на шегобиецот Хари кој се смееше додека мавташе со рацете под стомакот, јасно се шегуваше со трудничкиот стомак на Евгенија. Откако ги насмеа, тој продолжи да оди сам“, рече таа и додаде дека војводата изгледал самоуверено кога влегол во опатијата.

Се верува дека распоредот на седиштата беше една од спорните точки што го натера Хари да одложи да одговори дали ќе присуствува на крунисувањето. Хари нема долго да остане во Лондон, а се верува дека веднаш по церемонијата ќе се врати во САД.

– На организаторите им е кажано дека Хари нема да присуствува на концертот со остатокот од кралското семејство, што е голема штета бидејќи тоа ќе биде толку спектакуларен настан – рекол извор за британските медиуми.