Не го игнорирајте: Тивок симптом на рак се јавува пред спиење

Постојат различни симптоми кои се помалку познати, а нивното препознавање може да ви помогне рано да ги откриете сериозните здравствени проблеми. Затоа, не е лошо да ги откриете навреме.

Ако почувствувате болка во вашето тело кога се обидувате да спиете, постои можен ризик да имате некој вид на рак. Имено, докторката Дебора Ли од Dr Fox Online Pharmacy, наведува дека болката која се појавува навечер кога сакате да спиете е еден од најчестите симптоми на рак.

„Ноќе може да имате многу поголема непријатност бидејќи тогаш ракот расте побрзо. Кога ќе легнете, тој ја менува распределбата на тежината на туморот и околните ткива, што често предизвикува болка“, објасни д-р Ли.

Таа изјавила дека оваа болка не мора да значи дека човекот има рак и дека најдобро е да се проверат други симптоми како што се губење на тежината и апетит, слабост и исцрпеност, гадење и повраќање и висока температура.

Таа препорача да се посети лекар ако болката трае повеќе од 20 дена. Болката е предизвикана од притисокот на туморот врз коските, нервите или некои други органи во телото. Исто така, болката може да биде различна, а зависи од тоа каде се наоѓа туморот и во која фаза е.