НОЛЕ И РИТА ОРА ЗАЕДНО НА НАТПРЕВАР: Реакцијата на најдобриот светски тенисер со АЛБАНСКАТА ПЕЈАЧКА Е ХИТ (ВИДЕО)

Нов Зеланд и Јужна Африка се среќаваат во финале во рагби, а Новак Ѓоковиќ е виден на трибините во друштво на албанската пејачка Рита Ора !

Новак секако е главна ѕвезда на ова финале кое се организираше во Франција, па сите камери се насочени кон него. А на социјалните мрежи се водеше полемика за госпоѓата која седеше до него за време на финалето.

Тој момент можете да го погледнете на ОВОЈ ЛИНК .

Инаку, албанската пејачка неодамна го навлече гневот  кога се шеташе по улиците на еден град во Англија и застана пред дигитален билборд, со желба да сними промотивен спот за нов спот.

Рекламите се менуваа наизменично, а додека таа чекаше да се појави нејзиниот лик, наеднаш во преден план дојде рекламата за најдобриот тенисер на сите времиња Новак Ѓоковиќ, која ја изнервира споменатата пејачка.

@ritaora

When you’re waiting for your billboard in Leicester Square 😅😍 Thanks @Spotify

♬ Waiting for You – Rita Ora

Рита незадоволно мавташе со раката, а подоцна видеото го објави на социјалните мрежи, а под видеото се слеваат негативни коментари.