“НЕ Е ЛЕСНО…“ – Советникот на Володимир Зеленски отворено ја коментираше контраофанзивата: “Напредуваме, но Русија е моќен непријател!“

Советникот во кабинетот на украинскиот претседател, Серхи Лешченко, денеска изјави дека „не е лесно“ во контраофанзивата на украинската армија во Донбас, додавајќи дека, сепак, има одреден напредок во настапувањето на војската. 

Лешченко, кој е советник на шефот на кабинет на украинскиот претседател Володимир Зеленски, за Би-Би-Си изјави дека „Украина постигна одреден напредок во источниот регион Донбас“, додавајќи дека Русија е „моќен противник кој има на располагање големи количества муниција. 

-Тој факт ги ескалира конфликтите и на други фронтови, додаде советникот на Зеленски. 

Лешченко додаде дека Украинците „сега разбираат дека Русите не се само непријатели, туку и луѓе кои дошле во Украина да уништат сè“.

Тезата на рускиот претседател Владимир Путин, кој тврди дека војната ја почнал за да ги брани жителите на Донбас, Лешченко ја нарече „најголемата лага на 21 век“.